Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ ги повикува сите граѓани, утре петок (21.4.2017) масовно да излезат на улиците ширум Македонија. Од иницијативата велат дека петок е денот кога ќе го соопштат својот план.
-Живееме во времиња кога се пишува историја.Македонија ги има најголемите и најмасовни протести во историјата. Тоа нѐ прави должни и уште посилни да истраеме во нашата битка, која е битка на принципи, вредности, верувања, битка за зачувување на државата, суверена, унитарна, граѓанска!
И во овие времиња воопшто не е едноставно на која страна сте и што сте направиле. Години од сега секој од вас на вашите поколенија може со гордост да каже, ДА јас бев за заедничка Македонија, да јас бев дел од одбраната на државата. Петок 21 април е денот кога ќе го соопштиме нашиот план и нашите барања. Тоа е гласот на стотици илјади граѓани што нѐ поддржуваат во нашата борба. Сите заедно и масовно како досега во еден глас да порачаме дека одиме до крај во нашата цел за зачувување на Македонија. Петок е денот!, порачуваат од граѓанската иницијатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)