| четврток, 6 декември 2018 |

Балетски уметници од МОБ на конференција во Љубљана

Македонската опера и балет информира дека во Љубљана денес и утре (20 и 21.04.2017), се одржува „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“. Денешниот ден е предвиден за конференција на балетските раководители на ансамблите од Љубљана, Белград, Загреб, Сплит, Сараево, Марибор и Скопје. На конференцијата свое излагање ќе има и Уметничкиот раководител на балетот на МОБ, м-р Олга Панго.

Утре, (21.04.) во програмскиот дел ќе настапат првенците на балетот на МОБ, Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Ќе изведат дует од балетот „Клеопатра“, во кореографија на Василиј Медведев од Русија и па де де од балетот „Самсон и Далила“, во кореографија на Роналд Савковиќ. Во програмскиот дел ќе настапат балетски уметници од погоре споменатите балетски ансамбли од центрите на поранешна Југославија. Програмскиот дел ќе се одржи на сцената на Словенското народно гледалишче-Опера и балет во Љубљана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top