„Стоп операција Сорос“ изразува големо задоволство од донесената одлука на „Џудишал воч“ да поднесе тужба против УСАИД Македонија и американскиот амбасадор Џес Бејли. Оваа најреномирана правна организација од САД на 6 февруари 2017 година поднесе официјално барање до Стејт департментот, УСАИД и да Амбасадата на САД во Република Македонија да ги достават сите материјали, вклучително и нивната коресподенција, кои се во интерес на истрагата, но одговорот од повиканите изостанал. Ние сме зачудени од покажаната незаинтересираност и игнорантскиот однос на УСАИД и на амбасадорот Џес Бејли кон истражителите.
Сметаме дека неколкумесечната работа на иницијативата „Стоп операција Сорос“ почна да вродува со плод. Уште на самиот почеток истакнавме дека ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за работата на Џорџ Сорос во Република Македонија и вмреженоста на неговата Фондација со УСАИД. Во САД алармиравме за злоупотребата на финансиски средства од американските даночни обврзници, кои се наменети за развој на државите, а со истите во Република Македонија се финансираа активности на политичка партија. Со тоа се кршеше Точка 1. од Член 41 од „Виенската конвенција за дипломатски односи“ во која е уредена забраната на дипломатите да се мешаат во внатрешните работи на државата кај која се акредитираат. Очекуваме сомневањата кои беа содржани во материјалите испратени до Вашингтон да бидат докажани, односно отфрлени во судска постапка, а обвинетите да бидат соодветно санкционирани, односно ослободени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сорос почна кампања за локалните избори: Со здравјето и со потомството НВО ги уценуваат валандовчани
-
Од што се исплашија невладините на Сорос во Македонија?
-
Стоп операција Сорос е реакција на дестабилизацијата на Македонија преку НВО-секторот
-
Унгарските медиуми ја поздравуваат иницијативата на движењето „Стоп операција Сорос“