Сорос почнува со остварување на планот за економско слабеење на Македонија на кој предупреди Никола Србов, од СОС. Имено, вчера во Валандово група на Соросови активисти и членови на СДСМ преку јавен собир во центарот на градот се обидуваа да ги манипулира валандовчани без факти и аргументи со туркање партиска агенда, дека рудникот „Казандол“, кој наскоро почнува со работа, може да влијае негативно на животната средина, што е целосна манипулација и фабрикувана лага.
Како главни организатори на целава манипулација се јавуваат Роберт Марков, Владимир Лазов и Марио Томов, кои преку страницата на „Фејсбук“ СОС – Спас за Валандово, почнаа со сценариото за манипулација на граѓаните на овој град.
Сите тројца заедно со Симона Гетова, исто така, од Валандово, биле на двонеделен курс во Виена за организирање протести и секаков вид граѓански активизам во борба против, наводно, загадување на животната средина. Таа е ќерка на поранешен претседател на ЛДП во градот.
Дека целата групација е поврзана со СДСМ говори и фактот дека на вчерашниот собир како говорници се појавиле: Ванчо Гошевски, адвокат и експретседател на општина Валандово во време на СФРЈ, а сегашен член на СДСМ, потоа Марија Чурлинова, вработена во фирмата на Заев, а мајка ѝ е поранешна финансиска директорка на „Анска река“ во период од 1994 до 1999 година поставена од СДСМ.
Овој собир во Валандово во организација на Сорос има за цел сосема да ги манипулира валандовчани со невистини и лаги, без научна поткрепа, тврдејќи дека изградбата на рудникот „Казандол“ во Валандово би влијаело штетно врз животната средина и здравјето на луѓето, како и дека не се оддржала законска јавна расправа пред доделување на концесијата, што е целосна невистина и манипулација од страна на Сорос и на неговите платеници.
Пред два дена во емисијата на Јанко Илковски, „Јади бурек”, државниот секретар во Министерството за животна средина Соња Лепиткова со фотографии ги демантираше сите конструкции и докажа дека во Валандово имало јавна расправа и дека таа масовно била посетена од жителите на градот.
Таа посочи и дека во „Казандол“ ќе се користи најнова технологија и дека заштитата на животната средина ќе биде на највисоко можно ниво, како во најмодерните европски држави.
На ваквите сценарија предупреди СОС (Стоп операција Сорос), од каде што истакнаа дека овие Соросови организации ќе отворат многу сензитивни прашања за секој граѓанин, ќе манипулираат со чувствителни теми, како што се здравјето и потомството. Никола Србов нагласува дека сето ова е во пресрет на локалните избори, со што ќе се ловат гласови, ќе се креира јавно мислење.
Ваквите иницијативи се чисто политички мотивирани, со цел да создадат јавно мислење кај дел од граѓаните на база на лаги и манипулации и без никаква научна основаност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.