Стоп операција Сорос е движење кое неодамна започна во Македонија. Доколку направите кратенка од првите букви на ова движење го добивате интернационалниот повик за помош СОС. За насоките во кои се движи СОС, за плурализам во НВО секторот, за борбата против политизација и партизација на активностите на невладиниот сектор во опширно интервју за Курир зборува еден од иницијаторите на движењето, новинарот Цветин Чилиманов.
Зошто го започнавте движењето и која е целта на Стоп Операција Сорос?
ЧИЛИМАНОВ: За секоја акција мора да има и реакција. Во случајов станува збор за реакција како резултат на две годишна дестабилизирање на земјата со обид да се наруши политичкиот поредок да се урне легитимно избрана Влада со широка поддршка во јавноста и сето тоа со цел да се остварат регионални цели кои што не се во интерес на граѓаните на Република Македонија. Ние долго време сме ја напаѓале и критикувале организацијата на Сорос во Македонија. Но тие критики биле во рамки на едно нормално функционирање и нивно и наше. Во случајов организацијата сега веќе без никаква мерка најотворено и најбрутално со насилство врз полицијата и врз институциите, со повикување на меѓународна поддршка од леви организации и леви партии, држави каде што левицата е на власт. Тука станува збор за администрацијата на Обама, Италија, Албанија како и други социјалдемократски држави во Европа, дипломатската служба во Брисел. Најотворено, најбезобразно отворено бараа нивна помош за да се изврши уривање на власта во Македонија и нивно носење на власт без избори и без добиен легитимитет на граѓаните, со манипулации како што се објавување на прислушувани материјали и слично. Ова е дестабилизација не само на Македонија туку и на целиот регион, а потенцијално и на цела Европа имајќи во предвид во каква стратешки значајна позиција сме во моментов. Сметаме дека е крајно време да се алармира меѓународната јавност за тоа што се случува тука, за опасностите кои што можат да се случат во Македонија како резултат на политичко насилство, нарушување на меѓуетничките односи, дестабилизација на Европа со отворањето на границите за прилив на мигранти од Блискиот Исток, радикализирање политичко по урнекот на еден крајно радикален и крајно лев милијардер Џорџ Сорос кој што дејствува во САД но и во целиот свет, кој што каде и да дејствува промовира кризи, носи политичка радикализација и нестабилност. Ние сме во една глобална политичка и безбедносна криза преку еден политички судир кој што го гледаме и на улиците во Фергусон, Прага, Будимпешта, Париз, го гледавме во грчките бегалски кампови, Блискиот Исток, Украина, Шведска…
Информиравте дека започнаа да се делат новите 9, 5 милини долари, средства на УСАИД во период за 2017-2021 година. Кои акции по однос на ова прашање планирате да ги превземате?
ЧИЛИМАНОВ: Ние алармираме до главните градови на овие држави од каде што ги информираме детално за тоа за какви организации се издвојуваат овие средства, за политички цели, нарушување на меѓуетнички односи, за напади на полиција, за обидите да се отвори границата во Македонија. Ги информираме детално и како што гледаме веќе има реакции во Вашингтон пред се каде што има смена на власта и доаѓаат луѓе кои што се свесни за овие опасности и знаат што се случува во изминативе 8 години во мандатот на претседателот Обама. Најавуваат сериозни ревизии и истраги по однос на трошењето на овие пари. Очекуваме такви работи да се случуваат и во Европа, бидејќи се повеќе луѓе стануваат свесни дека политиките кои што ги промовира овој човек се до таа мерка радикални, да ниту САД ниту европските држави можат долго да ги издржат. Нашата цел во моментов е информирање на овие држави за тоа како се трошат нивните пари и како се политизира и партизира невладиниот сектор во Македонија со овие средства. Како се губи плурализмот во невладиниот сектор, како се инсистира тој невладин сектор да учествува во носење на одлуки иако партијата која што ја поддржуваат СДСМ традиционално губи избори а на крај бараат одлуките да ги носат во согласност со барањата на НВО секторот кој само е продолжена рака на СДСМ.
СОС ја алармира и светската и домашната јавност и споменавте дека веќе Вашингтон е информиран и има реакции. Американскиот конгресмен Кристофер Смит уште во средината на јануари побара објаснување од амбасадорот Бејли за обвинувањата дека амбасадата во Скопје работи во полза на политичките партии и финансира проекти на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија. Побара и да биде разрешен Бејли. На ова имаме реакција од, како што самите се потпишаа македонски интелектуалци. Тоа се група на поранешни функционери на СДСМ, луѓе спонзорирани од Сорос и познати по своите про-СДСМовски ставови, кои со писмо упатено до конгресот на САД го бранат амбасадорот Џес Бејли, кој претходно беше повикан од Кристофер Смит. Дали и понатаму очекувате вакви реакции?
ЧИЛИМАНОВ: Прилично бедно делува списокот. Тоа се практично луѓе од два факултети во Скопје каде се стационирани полициски и удбашки структури на СДСМ и на Сорос. Јас да сум Џес Бејли мене би ми било срам овие луѓе да ме бранат, меѓу нив има и лица лустрирани за тешки повреди на човекови права, како што се шпионирање на новинари и нивно пријавување во тајната полиција за следење, инфлитрирање агенти, манипулирање. Меѓу нив е професорот Давидковски, кој што е под истрага за тешка корупција во случајот Дојче Телеком во Њујорк. Тој човек излегува и го брани американскиот амбасадор, а е под истрага во Њујорк. Замислете кој скандал. Самиот тој список најдобро го потврдува она што го кажав дека се работи за талогот останат од минатиот режим во Македонија. Со доаѓањето на Трамп во САД се случи нешто налик кога ќе запалите светло во една зачмаена просторија каде се собрале бубашваби и што ли уште не, па следува бегање на сите страни. Тоа е она што во моментов се случува во амбасадата на САД во Скопје и во целата оваа мрежа. По неколку години алармирање на она што се случува во Македонија, испраќање и објавување на информации, конечно сега постојат инструментите и алатките за да се отвори ова прашање институционално во Конгресот на САД и централата на Стејт департментот и тоа со доаѓањето на новите директори и администрација, промени кои се во тек. Можеби токму затоа и им се брза на СДСМ и на Фондацијата на Сорос во Македонија, на брзина да се направи влада, да се преземе власта. Свесни се дека клопчето почна да се одмотува и дека тоа што го правеле е неоправдано и неодбраниво. Има мерки и закони за тоа дека не смееш да даваш пари на луѓе кои што кршеле човекови права. А тие сите пари ги даваа на Владимир Милчин кој што е регистриран полициски соработник од комунистичко време и учествувал во апсења. Не смееле законски да му даваат пари. Не смеат законски да даваат пари на организации поврзани со политички партии, да помагаат на една политичка опција со сите свои ресурси кои што ги имаат и тоа на сметка на другата. Тоа темелно ги нарушува односите меѓу Македонија и САД. Имате ситуација кога политичкото мнозинство во Македонија, САД не ги доживува како фер и коректен партнер туку како партиски приврзок. Амбасадорот тука го доживува како лидер на опозицијата . Тоа е систематско нарушување на односите меѓу Македонија и САД. Сето ова им е добро познато на лица кои доаѓаат во извршната власт во САД и систематски ќе се работи не само во Македонија туку и во Грција, Албанија Србија, Унгарија, Полска..целиот тој регион во Стејт Департментот се опсервира. Свесни се дека имаат регионален проблем во кој што администрацијата на Обама ја злоупотребувала својата позиција да ја сврти надворешната политика во поддршка левичарските партии во сите овие држави а на штета на конзервативните опции. Еве некои земји од соседството се инспирираат од тоа што почна да се случува кај нас. Гледаме дека има повици во Албанија упатени кон амбасадорот. Можеме да очекуваме систематско преиспитување на тоа што амбасадорите испратени од Обама и силна активно за да се неутрализираат штетите кои што ги предизвикаа.
Сорос се „бори“ на повеќе фронтови, дали сето ова ќе повлече еден домино ефект?
ЧИЛИМАНОВ: Последниве години Сорос е станат исклучиво радикален политичар. Се залага за отворени граници, укинување на државите, централизирање на моќта во Брисел или Вашингтон и потоа преземање под контрола на левите партии или пак под контрола на регулаторни тела , административни комисии кои што никој не ги ни гласал. Американскиот дипломат во кое време Македонија доживува драматично вложување на извештаите за човекови права даде оставка дента кога Доналд Трамп стана претседател и стана негов отворен противник. Ние не сме имале неутрален набљудувач во Стејт Депртментот кој што пишувал извештаи. Скандалозно се напаѓаше дури и лустрацијата. Ни назначуваат партиски војници. Извештаите за слобода на медиумите ги пишува организација финансирана од Сорос. Во тие извештаи ние сме претставени божем сме некоја држава под некоја африканска држава. Не рангираат на ниво на Мали, држава чија што половина од територијата е окупирана од Исламска Држава. И според извештаите на овие организации слободата на медиумите кај нас на слободата на медиумите во држава каде што на половина од територијата може да ве каменуваат ако се шетате без бурка. Американската амбасада кај нас се повикува на Хелсиншкиот комитет, а тоа е тотална организација партиска на СДСМ и на Сорос. Тоа се неверојатни небулози. Тука има врзан круг. Ако во извештајот за слобода на медиумите кажете дека состојбата е катастрофална потоа имате право да барате пари од УСАИД. Ако тие организации објективно кажат дека има 2-3 телевизии од една страна 2-3 од друга 1-2 се ни ваму ни таму. Има два весника од една два од друга. Реално човек може да се информира. Ако тие тоа го напишат, утре УСАИД нема да им даде пари за нивните портали. Очекувам сега обид да се замолчат медиумите. Јас бев дел од ад хок комисијата. Бевме 5 луѓе од кои 3 беа на платен список на Сорос а едниот од нив доби огромен грант во текот на работата на комисијата. Тоа беше ситуација во која седевме 3-ца наспроти 2-ца и еден набљудувач и набљудувачот и сите 4-ца работата за еден ист човек. Се врши инфилтрирање на кадри обучени од Сорос и утре ќе го искористат Велес, лажни, негативни вести за да бараат строго регулирање на медиумите до портали. Јас верувам дека и ќе бараат регулирање и на ФБ статуси. Помнете ми ги зборовите. За 6 месеци до година дена официјално ќе биде доставено барање за Фејсбук за забрани или укине некого затоа што наводно коментирал лажно. Имаме сериозен проблем со организација која што губи на сите фронтови, губи во Америка и губи во Европа.
Голем број на граѓани се заинтересирани за ова движење. Како можат да партиципираат и да се приклучат кон Стоп Операција Сорос?
ЧИЛИМАНОВ: Во моментов најкорисно би ни било граѓаните да не информираат за нивни забелешки за злоупотреби кои што ги вршела оваа организација во градовите каде што живеат. Може да ја користат нашата ФБ страница и е маил адреса stopoperacijsoros@gmail.com. Веќе граѓаните не информираат и започнавме да ги презентираме информациите во јавноста. Гледаме дека ефектот од контактирање со лица во Вашингтон и Брисел го има и тоа не е попусто. Сите кои имаат информации нека не контактираат. На блогот https://stopsoros.mk објавуваме информации исто така весите може да се преземат и да се споделат за да се информираат што е можно повеќе граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се први избори во Македонија на кои е убиен кандидат
-
Чилиманов: На локалните ќе гласаме дали сакаме ширење на бандитизам, „Заевизам“ и „Чаушизам“
-
Она кога сакаш да си реформатор на ВМРО, а се буткаш да ја пречекаш Шекеринска (ФОТО)
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија