| четврток, 6 декември 2018 |

Џиџи Буфон има две желби за полуфиналето на ЛШ

dzidzi bufon

Џиџи Буфон посакува во полуфиналето на Лигата на шампиони да игра против Монако или Реал Мадрид. Искусниот голман по елиминацијата на Барсеолна размислува за следниот противник.

– Можеби ќе биде подобро да играме со Монако или Реал Мадрид. Тие се уште се борат за шампионската титула, а бидејќи е крај на сезоната, ќе мора да менуваат”, изјави Буфон, кој го искоментира и дуелот со Барселона:

– Успеавме да се пласирамие на сметка на најдобриот тим во светот. Знаев дека имаме одлични шанси на вториот натпревар, но бев сигурен дека Барса нема да постигне ниту еден гол.

Буфон ќе има шанса да ја освои Лигата на шампиони, единствениот трофеј кој му недостигна во неговата кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top