Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ова лето ќе го напушти Евертон, а сумата која ќе ја плати неговиот нов клуб веројатно ќе биде светски рекорд.
Раководството на „карамелите“ за напаѓачот бара сума од најмалку 118 милиони евра, а најголем интерес за услугите на Лукаку покажува актуелниот лидер во Премиерлигата, Челзи.
Заинтересирани се и Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, но се повлекле кога слушнале колкава сума бара Евертон. Лукаку има договор со клубот од „Гудисон парк“ до 2019 година. Лукаку оваа сезона е стрелец на 24 гола во Премиер лигата и е незаменлив во таборот на Роналд Куман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.