| четврток, 6 декември 2018 |

Наумов: Нема враќање, или ќе успееме или ќе нѐ снема како народ

naumov-640x316

Сигурен сум дека граѓаните што излегуваат во одбрана на Македонија, македонското знаме и име ќе ја постигнат својата цел, вели Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво.

Во анализа за политичките состојби на ТВ „Нова“ тој истакна дека Македонија е доведена до работ и нема враќање.

– Враќање нема. Или ќе успееме или ќе нѐ снема како народ. Успеавме да направиме самостојна држава и не смееме да допуштиме македонската држава да исчезне. Тоа го покажуваат граѓаните кои масовно се собираат и ништо не може да ги спречи – ниту дождот ниту студеното време. Многу народи се поголеми и посилни од нас, но не успеале да направат или повратат држава, како што се Каталонците, на пример, тука се Шкотите, Велшаните, курдскиот народ… Успеавме да направиме држава и нема да дозволиме да ја изгубиме. Доколку се спроведе она што се бара со таа декларација или платформа, тоа е најбрзиот рецепт за брзо исчезнување на македонската држава – смета Наумов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top