Автомобилот на Воислав шешељ влетува меѓу демонстрантите додека оезбедувањето се обидува да ги оттурне од автомобилот. На самиот почеток на седумнаесеттиот ден од протестите против победата на Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија, се случил инцидент кога автомобилот на лидерот на Српската радикална партија налета на група демоснтранти.
Синоќа Шешељ изјави дека граѓаните можат да демострираат пред Народното собрание „колку им душа сака“, но нема да дозволи „некој да го нападне него или неговите луѓе“.
Шешељ ја објаснува ситуацијата дека замолил стотина луѓе пред Собранието да се поместат за да може да помине со автомобилот, но тие одбиле да се тргнат, а некои од нив „биле многу бучни и го пцуеле“.
Na početku okupljanja, demonstranti pokušali da zaustave Šešeljev auto, njegovo obezbeđenje ih "uklonilo". #protest2017 #protivdiktature pic.twitter.com/8NcHVTPWzW
— VICE SERBIA (@viceserbia) April 19, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.