| четврток, 6 декември 2018 |

Алегри: Не знам дали некој друг тим не примил гол на два натпревари против Барса?!

alegri

Јувентус ја елиминира Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а тренерот Масимилијано Алегри, како италијански стратег, е најзадоволен што неговиот тим успеа да не прими гол на „Камп Ноу“. Тој вели дека тоа го покажува квалитетот на „старата дама“.

– Одигравме одлично во дефанзивниот дел на овој натпревар. Впрочем и на првиот меч во Торино. Кажете ми, кој друг тим може да се пофали дека не примил гол од Барселона во два натпревари. Задоволен сум од дефанзивата, а откако и Барѕалји влезе во игра, изгледаше како да можеме да играме уште цел ден и да не се тресе мрежата на Буфон. Но, не сум задоволен од играта во нападот. Пропуштивме да одиграме многу подобро во неколку ситуации кога имавме противнапади и отворен простор кон противничкиот гол. Сега треба уште повеќе да работиме и не само да ја задржиме, туку и да ја подобриме формата пред полуфиналните дуели во Лигата на шампионите. Останува завршниот чекор пред големото финале и таму треба да бидеме најдобри – изјави Масимилијано Алегри по пласманот на Јувентус меѓу четирите најдобри екипи на Стариот континент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top