| четврток, 6 декември 2018 |

Пукотници во Карпош 4

Жителите на скопската населба Карпош 4 попладнето беа вознемирени од пукoтници што ги предизвикал нивен сосед кој испукал неколку куршуми во воздух од неговиот стан.

Според првичните информации од МВР, инцидентот го предизвикал 40 годишен маж кој живеел во стан на улицата Вич во Карпош 4, кој од за сега непознати причини испукал повеќе куршуми од пиштол.

За среќа никој не бил повреден. По пријава на станари, на местото на инцидентот се упатила полициска патрола која го уапсила човекот и ги утврдува причините за пукотницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top