Поради силните ветришта во 2016 година, тајфуните, кои им зададоа голема мака на Јапонците, влијаеа на тоа компирите да не успеат. Тоа доведе до големи проблеми и намален принос на компирите. Во јапонските супермаркети скоро и да нема чипс на полиците.
Чипсот е важна намирница во Јапонија. На полиците го има многу малку, а тој што е останат чини и до 1.250 јени односно скоро 11 евра. Оваа цена е шест пати поголема од обично.
Уште поголем проблем е што не е познато кога ќе престане кризата. Еден од водечните јапонски произведувачи на чипс соопшти дека ја разгледуваат опцијата на увоз на големи колични на компири од САД или пак да посеат поголеми колични компири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.