Две екипи од Шпанија, двете од Мадрид, Јувентус од Италија и францускиот Монако се полуфиналистите на Лигата на шампионите за сезоната 2017/18.
Реал Мадрид седма година по ред ќе игра во полуфиналето и ќе го брка третото финале во тој период. Атлетико Мадрид третпат е во големата четворка во четири години и кога двапати претходно беше полуфиналист минуваше во финалето.
Монако по 13 години ќе игра полуфинале на Лигата на шампионите и како и Атлетико Мадрид ја сонува својата прва титула и втор влез во финалето на Лигата на шампионите.
Јувентус по вторпат под Алегри ќе игра полуфинале и тоа ќе го направи без пораз, исто како и бранителот на титулата Реал Мадрид. Ждрепката е в петок од 12.00 часот во Нион, а финалето е во Кардиф на „Милениум“ на почетикот од јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.