-Доколку ЕУ му ја затвори вратата на Косово сите „Албанци од регионот ќе живеат во една единствена држава за да се продолжи со интеграцијата во европското семејство – тврди косовскиот претседател Хашим Тачи во изјава за радио Слободна Европа.
РСЕ наведува дека изјавата на Тачи стигна само еден ден откако албанскиот премиер Еди Рама кажа дека доколку избледне европската перспектива кон Западен Балкан можно е да дојде до обединување на Косово и Албанија.
-Не сакајќи- како што кажа, да ги коментара туѓите мислења, Тачи во изјавата за РСЕ вели дека „ЕУ во моментов во однос на Косово и Западен Балкан нема никаква визија за интеграција или проширување“.
-Ова доцнење, овој застој и непостоење на визија за Западен Балкан, за жал, го користат идеологиите и неевропските земји и земјите кои не се во евроатлантскиот дух- смета тој. Тачи вели дека „доколку ЕУ продолжи со овој застој и нејасен пристап тогаш, секако, секоја земја ќе донесе одлука за својата иднина, за својата сигурна иднина која води и кон националната перспектива“.
-Но, ние сакаме да градиме мултиетнички држави- тврди Тачи.
Тој додава дека во Косово „луѓето се фрустрирани од Европската унија заради блокадите, казните и неправдите кои се прават врз нив во процесот на либерализација на визите“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!