Ако до сега не ги изедовте сите велигденски јајца, немојте веќе тоа ни да го правите, бидејќи нивниот рок на траење измина.
Измина една недела(ако тоа сте го направиле на Велики четврток) откако се сварени, избоени и уметнички украсени јајцата,како празничната трпеза би била пораскошна. Меѓутоа со оглед на тоа дека се работи за расипливи намирници, кои имаат краток рок на траење, најдобро е веќе да не ги конзумирате, бидејќи можат да го загрозат здравјето и да ве отрујат. Како празнична декорација можат да останат уште некој ден, но нека остане само на гледање.
-Доколку јајцето пред варење било свежо, добро варено и после три часа ставено во фрижидер, неговиот рок на траење може да биде од 6 до 7 дена. Ако се чувани на собна температура рокот се намалува на 4 до 5 дена. Овој Велигден беше ладен, поради што домаќинствата топлеа, па ако јајцата биле како украс на маса, нивиниот рок за конзумирање е само три дена – предупредуваат наутриционис1тите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Науката потврди: Слободно јадете јајца, нема ризик од срцеви заболувања
-
Што да правите вишокот јајца од Велигден?
-
Прегледајте ги убаво вапсаните јајца: Ако го има ова на вашето велигденско јајце ќе ве следи среќа цела година
-
Велигденска традиција: Во Тиквешко се закопуваат велигденски јајца крај виновите лози