| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовта кон татковината посилна од дождот: Со чадори во рацете поддржувачите на „За заедничка Македонија“ и денес излегоа во огромен број

zzm-dozd4-768x426

Ниту силниот дожд попладнево не беше пречка огромен број на граѓани да излезат на улиците во Скопје и да маршираат по добро познатата патека на државноста. Граѓаните јасно покажаа дека дождот нема да ги спречи да ја искажат својата љубов кон татковината и да порачаат дека немаат намера да прифатат спроведување на Тиранска платформа во Македонија, која земјата ќе ја однесе кон федерализација.

01

– Дождот може да ги растопи оние кои се направени од шеќер, а не од титаниум. Дождот може да ги избрише оние кои оставаат траг од креда зад себе, а не оние кои го сочинуваат црвено-жолтото море. Дождот може да ги поколеба оние со волја прицврстена со лак за коса, но не и оние кои од секоја пора дишат за Македонија. Затоа, денес го предводиме Маршот на дождот, напишаа денес од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на Фејсбук профилот.

03

– Сите со челичната волја и бескрајната љубов за Заедничка Македонија. Сите со чадори од дома, за да го направиме најголемиот чадор во Македонија. Не ни требаат чадори од надвор, бидејќи народот е чадорот на унитарна Република Македонија, на нејзиниот Устав и мултиетничко општество. Народот е чадорот на волјата искажана на избори, и нема да дозволиме никој да ја лизга иднината на Македонија со платформи правени во соседни држави. И ниту дожд, ниту виулици, ниту снегови ќе не поколебаат од нашата Патека. Македонија е будна и подготвена, пишуваат од иницијативата.

02

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top