Поради фактот што забрани свадби и погреби, си го уби братот, вујкото и други членови од семејството, како и фактот дека води држава без елементарни човекови права каде што сè е подредено на елитата – односно на него, не е тешко да се заклучи дека Ким Јонг Ун баш и нема некои квалитети на добар човек, а со тоа и добар сопруг. Но неговата жена е сосема друга приказна – барем според оние малку детали кои нејзиниот сопруг дозволи да допрат до јавноста. Првата дама на северна Кореја, Ри Сол Ју наводно е родена помеѓу 1985-та и 1989-та година, иако никој не знае точно кога, а се шпекулира дека ова не е ниту нејзиното вистинско име туку псевдоним.
Нејзиното семејство е дел од севернокорејската политичка елита, а бројни извори тврдат дека таа цел живот била воспитувана за да му биде сопруга на лидерот на С. Кореја, како и останатите девојки кои се одгледуваат за да му станат жени на Ким Јонг Ун, доколку дојде до таа потреба.
Таа завршила средно училиште во Пјонгјанг и студирала музика во Кина, што не е ништо невообичаено имајќи во предвид дека Ким е голем љубител на музиката и танцот, а на жените гледа на некој чија “должност е да го забавува.”
Таа некое време била дел од оркестарот Унхас и имала неколку јавни настапи. Севернокорејските власти и полицијата спровеле строги мерки за уништување на сите материјали кои се поврзани со Ри Со Ју од оваа фаза на нејзиниот живот, бидејќи сега веќе не е примерно што таа им пеела на други, а не само на него.
Покрај тоа, таа била и активна атлетичарка и се натпреварувала во Азиското првенство во атлетика кое се одржало во Јужна Кореја. До нивното запознавање и брак не дошло дека Ким “и фрлил око”, туку затоа што неговиот татко, претчувствувајќи дека е во лоша здраствена состојба, пред мозочниот удар го договорил неговиот брак во 2008-ма година, а тој се остварил во 2009-та, пишува ББЦ.
Иако понекогаш се појавува на различни социјални маршеви и манифестации со својот сопруг, забележани се долги временски периоди – некогаш од година дена, некогаш две години – кога Ри Сол Ју воопшто никој не ја гледал. Тогаш се шпекулираше дека Ким можеби ја убил, но помалку драстичните идеи сугерираат дека Ким и’ забранува да се шета јавно како “обука за дисциплина”..
Во Северна Кореја наводно постои таканаречена петта дивизија, харем од околу 2.000 жени кои имаат за задача да ги забавуваат партиските функкционери и да спијат со нив. Оваа практика постои уште од времето на Ким Ил Сунг, кој својата улога како “татко на нацијата” ја сфатил многу буквално. Наводно самиот Ким Ил Сунг ги користел услугите на танчерките-проститутки и со нив зачнал голем број на вонбрачни деца, а потоа со традицијата продолжиле и неговите потомци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)