Бразилскиот интернационалец Дани Алвес се врати на „Камп Ноу“, но како член на Јувентус, со три гола предност во однос на Барселона по првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите. Тој при првото враќање на стадионот каде играше цели осум години и освои многу трофеи го бакна тревникот на „Камп Ноу“.
– Тоа ми носи среќа, но морам и да покажам респект. Овде одиграв многу големи натпревари и освоив многу трофеи. Сега сум член на Јувентус и се надевам дека ние ќе се пласираме во полуфиналето од Лигата на шампионите – истакна Дани Алвес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.