| четврток, 6 декември 2018 |

Народот е чадорот: Македонија е будна и подготвена, денес на улица во 17:00

Дождот може да ги растопи оние кои се направени од шеќер, а не од титаниум. Дождот може да ги избрише оние кои оставаат траг од креда зад себе, а не оние кои го сочинуваат црвено-жолтото море. Дождот може да ги поколеба оние со волја прицврстена со лак за коса, но не и оние кои од секоја пора дишат за Македонија. Затоа, денес го предводиме Маршот на дождот.

Ова го напишаа од иницијативата „За заедничка Македонија“ на Фејсбук профилот.

-Сите со челичната волја и бескрајната љубов за Заедничка Македонија. Сите со чадори од дома, за да го направиме најголемиот чадор во Македонија. Не ни требаат чадори од надвор, бидејќи народот е чадорот на унитарна Република Македонија, на нејзиниот Устав и мултиетничко општество. Народот е чадорот на волјата искажана на избори, и нема да дозволиме никој да ја лизга иднината на Македонија со платформи правени во соседни држави.

И ниту дожд, ниту виулици, ниту снегови ќе не поколебаат од нашата Патека. Македонија е будна и подготвена.

Особено подготвена за оние хушкачи кои залегнати пред компјутер пишуваат дека тиранската коалиција требало поодлучно и насилно да ги скрши Деловникот и законите и да избере по секоја цена Претседател на Собранието и Влада качени на тиранската платформа. Нив им порачуваме: тоа НЕ Е ОПЦИЈА. А ако мислите дека е, повелете, пробајте.

За таквите, особено за нив, денес на улица во 17:00.
За оние кои уште не излегле, денес на улица во 17:00.
За заштита на Заедничка Македонија од сите неразумни злокобни предавнички настроени штетници, денес на улица во 17:00.
За нашите дедовци и внуки, денес на улица во 17:00.

МАРШ НА ДОЖДОТ
Влада-Собрание.
17:00.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top