Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а дневната од 23 до 29 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно со повремено засилен северен ветер и појава на повремен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Појава на слаб дожд попладне ќе има во недела, особено на југот.
Засилен северен ветер и посвежо време ќе има до понеделник, а потоа иако ветерот ќе остане северен тој ќе биде со послаб интензитет и температурите ќе бидат во пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.