| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна сообраќајка кај Велес: По пад со камион во провалија загина 23 годишно момче

Страшна сообраќајна несреќа утринава однесе во смрт младо момче.

Незгодата се случила на влезот во Велес кога момче (23) од засега неразјаснети причини изгубило контрола на камионот кој го управувал, се излизгал од патот при што се прекршил, а едниот дел од возилото висело над провалија.

Момчето немало среќа. Вратата му се отворила и паднало во провалијата , но и покрај интервенцијата на брзата помош момчето им подлегнало на повредите во велешката болница.

Повеќе информации за случајот надлежните ќе дадат во текот на денот.

ФОТО: Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top