| четврток, 6 декември 2018 |

Заев за премиер во Србија

Според агенцијата tabanovce­onionnews.com од свои просвирени информации, Заев и Зоран имале куса но многу бурна средба со неговите неколкугодишни партнери од српските ПиАр стратези „Растурен Хант“. И Зоран знае и Заев знае и меџународната знае, дека тој не е наивен и не се дава така лесно. На средбата со партнерите е реагирано со незадоволство од нивниот учинок и дека или Зоран ќе го направат премиер или да ги вратат парите, џиповите и краставиците добиени во компензација.

Стратезите од своја страна му посочиле на Зоран дека Заев мора да разбере дека тие останале во Скопје и предолго, скапале од умор по ноќи минати во карање на српски, за да му ја исполнат желбата, но дека сега од нив толку. Изборите завршија, а натаму сѐ останува на неговата способност.

„Ако сакаш да бидеш премиер, ајде да истераме уште едни избори, ќе извадиме пак добра платформа и ќе дадеме сѐ од себе да нема зла крв меѓу нас“, бил компромисот од продавачите на скапа магла.

Уште кога го слушнал зборот „платформа“ Заев рипнал од столче. Заев знае и Зоран знае дека на платформа го превеслаа жеден преку вода своите, а сега уште овие му продаваат муабет за нови избори. И тоа- со платформа!

Со сериозност на струмички дилер на чушки на големо, се заканил дека тој мора по цена на сѐ да биде премиер без избори. Ниту Дик Трејси ниту две Фатимиња на избори, ниту платформа албанска не го довеле до премиер, а не пак сега да излезе на избори повторно со изборна платформа!

Заев знае, а Зоран уште повеќе, дека така не се води политика, па понудил компромисно решение: ако не може во Македонија, сега може да го наместат за премиер во Србија. И така премиерското место е испразнето, а и Србија ја ораат протести. А и Зоран И Заев се навикна на српска изборна програма и кореографија, па сега може да одат во коалиција!

Дали паднал договор, од tabanovce­onionnews.com не откриваат, но додаваат дека во Србија почна да се скандира за „Слобода за медиуми“ и „Доле Диктатура“ заштитен знак на „Растурен Хант“, па можеби Заев ќе го биде премиер- ама на Србија.

Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top