Реал Мадрид се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, а тренерот Зинедин Зидан вели дека „кралевите“ елиминирале фантастичен тим. Баерн Минхен успеа да ја анулира негативата од Минхен (1-2) во регуларниот дел, но потоа тимот на Зидан постигна три гола во продолженијата.
– Елиминиравме фантастичен тим, предводен од голем тренер. Беше навистина тежок двомеч, и во Минхен, и во Мадрид. На крајот, среќни сме што успеавме да се пласираме во полуфиналето. Но, реално, бевме подобри, победивме на двата меча, постигнавме шест гола. Околу арбитражата? Никогаш не коментирам, ниту кога одлуките се во наша корист, ниту кога сме оштетени. Но, доколку инсистирате, имаше грешки и на двете страни. И вториот гол на Баерн Минхен беше од офсајд позиција. Левандовски беше во офсајд, ситуацијата продолжи, а Рамос постигна автогол. Но, јасно е дека Реал Мадрид заслужено оди во полуфиналето. Им честитам на сите фудбалери за борбеноста и за залагањето. Роналдо постигна пет гола против Баерн Минхен за шест дена. Тоа го можат само страшни фудбалери – изјави Зинедин Зидан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.