Кристијано Роналдо постигна хет-трик во триумфот над Баерн Минхен во реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите и влезе во историјата на ова натпреварување. Португалецот стана единствениот фудбалер кој успеал да дојде до бројката од 100 гола во Лигата на шампиони. Зад себе ги остави Лео Меси со 94 гола и Раул кој има 71.
Роналдо пред една недела стигна до 100 гола во европските купови, а по синоќешниот меч тој дојде до бројката од 103 погодоци во турнирите под капата на УЕФА од кои 100 во Лигата на шампионите.
И Атлетико Мадрид одбележа клупски јубилеј во Лигата на шампиони, на дуелот против Лестер (1-1) Саул Мигез го постигна 100 гол за шпанскиот тим во ова натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.