На некои луѓе не и им потребно многу за да бидат среќни. Меѓу нив е и Ема од Австралија која се преселила во Јапонија, поточно во центарот на Токио.
И тоа во минијатурен стан.
Станот има само осум квадратни метри, но во него се наоѓа се што и е потребно – кујна, тоалет, спална соба, па дури и мал балкон. Сето тоа Ема ја чини 600 евра месечно.
-Долго време барав сместување и кога го видов овој стан едноставно ми падна во око,бидејќи беше направен на две нивоа. Делот за спиење е одвоен од остатокот на станот.Отсекогаш сумсакала да живеам во Јапонија. Во центарот на Токио становите и онака се многу мали – објаснила таа и додала дека е многу среќна.
Сепак ваквите станови дефинитивно не се за луѓе кои страдаат од клаустрофобија,бидејќи двата ѕида може да се допрат со рацете во исто време и тоа да не ги испружите до крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)