Приврзаници на неколку поранешни високи функционери на СДСМ решиле да не доаѓаат на конгресот на СДСМ и на тој начин да го изразат својот револт за состојбите во партијата.
Делегати од Ресен, Куманово, Скопје, Кавадарци, Карпош и од други градови кои се блиски на Бучковски, Бузлевски , Виктор Цветковски, Стевче Јакимовски, Миле Зечевиќ, и други високи партиски активисти кои беа исфрлени или изолирани од партијта денеска не се појавиле и поради тоа што својата иднина ја гледаат во други политички субјекти.
Градоначалникот на Карпош Јакимовски веќе ја промовираше новата партија ГРОМ а можеби уште утре македонската политичка сцена ќе стане побогато за уште едно движење кое на есен треба да прерасне во партија предводено од Бучковски, новинарот Љупчо Зиков и бизнисменот Минчо Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


