| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една голема загуба за Баерн Минхен, Мануел Нојер ја заврши сезоната!

manuel nojer

Баерн Минхен скапо ги плати продолженијата на „Сантијаго Бернабеу“ откако покрај без пласманот во полуфиналето од ЛШ баварскиот гигант остана и без својот прв голман, Мануел Нојер.

Германските медиуми јавуваат дека Нојер заработил фрактура на коска во левото стапало, повреда што ја здобил во обид да го запре третиот гол на Кристијано Роналдо за време на продолженијата. Одличниот голман беше опериран на истиот дел од ногата пред околу три седмици, па токму затоа прогнозите се дека нема никакви шанси Нојер да се врати на теренот пред крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Тој ќе ги пропушти последните пет натпревари во Бундес-лигата, но исто така и завршницата од Купот на Германија, во која Баерн во полуфиналето ќе се сретне со Борусија Дортмунд, меч закажан за 26 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top