| четврток, 6 декември 2018 |

Џентламенски одговор на „Дон Карло“: Дозволете видео-бим за помош на судиите

karlo anceloti

Карло Анчелоти не го криеше разочарувањето по елиминацијата на Баерн Минхен од Лигата на шампионите. Италијанецот не сакаше директно да го обвини судијата Касаи за поразот, но побара од УЕФА да најде начин за судиските грешки во иднина да се минимизираат.

– Имаше серија на грешки кои одеа во прилог на противникот и му дадоа предност што влијаеше на конечниот резултат. Можеби треба да се разгледа воведдување на видео-бим за да им се помогне на судиите при ситуации за кои не се најсигурни. Ако имаше снимка ќе се видеше дека Видал не го ни допира Асенсио, тоа никако не може да биде црвен картон. Двата гола на Роналдо во продолженијата беа од офсајд. На вакви натпревари УЕФА мора да стави поквалитетни судии, или да воведе видео-бим. Имаме право да бидеме разочарани, заслуживме повеќе, ретко кој води на Бернабеу по 90 минути игра, но за жал не го крунисавме тоа со пласман во полуфиналето – изјави Анчелоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top