| четврток, 6 декември 2018 |

Реал по продолженија успеа да го скрши отпорот на Баерн, судиите им поклонија полуфинале! (видео)

kristijano ronaldo

Реал Мадрид му се приклучува на градскиот ривал Атлетико во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако „кралевите“ вечерва во суперинтересен натпревар дури по продолженијата од два пати по 15 минути успеаја да го елиминираат Баерн Минхен. Баварскиот гигант со одлична игра успеа да ја надополни негативата од 1-2 од првиот меч во Минхен, но Карло Анчелоти и неговите избраници беа немоќни пред грешките на судиите предводени од главниот арбитар Виктор Касаи.

baern minhen

Унгарецот му овозможи на Баерн прв да поведе преку Левандовски по сомнителниот пенал врз Робен, но потоа целосно го сврте натпреварот во корист на Реал, и тоа во клучните моменти од средбата на „Сантијаго Бернабеу“. Роналдо израмни на 1-1, потоа Баерн повторно поведе со автоголот на Рамос, за во завршницата Касаи да ги преземе работите во свои раце, неоправдано исклучувајќи го Видал во ситуација кога Чилеанецот стартуваше на топка и воопшто не го допре Асенсио.

За судиската трагедија на Баерн да биде уште поголема се погрижи помошниот судија, кој во 105. минута не забележа очигледен офсајд од Роналдо, па Португалецот непречен од никого погоди за 2-2. Гостите беа исфрлени од ритам, се обидоа да сторат нешто повеќе, но откако се отворија набрзина примија уште два гола, првиот преку Роналдо (повторно од сомнителна офсајд ситуација) и последниот кој беше дело на Марко Асенсио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top