| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид маршираше против редефинирањето на Република Македонија (фото)

Протестот и овој пат започна од плоштадот спроти Охридската гимназија, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот „Македонски Просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на градскиот плоштад.

ohrid-zzm3  – Излезени сме на протест против редефинирањето на Република Македонија и за поништување на платформата изготвена во туѓа држава, донесена овде преку албанските партиски лидери. Ние таа платформа целосно ја отфрламе, оттаму што таа води кон бинационална држава со крајна цел разнебитување на Македонија, изјави во име на учесниците на протестот Чедомир Ристески.

ohrid-zzm-1-640x480Иницијативата „За заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата.ohrid-zzm2-640x480

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top