| четврток, 6 декември 2018 |

Доволно сме силни да го зачуваме ова парче земја: Порака од Кавадарци

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци.
Пред присутните говореше актерката Милица Гочевска. Таа рече дека се протестира повеќе од 50 дена во повеќе од 30 – 40 градови во Македонија.

– Се среќаваме и мирно протестираме против се она што сакаат да ни го наметнат. Ама нема да дозволиме. Ние сме Македонци и Македонци остануваме, нагласи таа.

Нема да се дозволи, додаде, никој да ни ја избрише химната, јазикот и името.

-Со никакви надворешни убедувања мораме цврсто да застанеме и да се избориме ако не со друго, тогаш со парламентарни избори. Сметам дека сме доволно силни да го зачуваме ова парче земја за кое нашите предци го дадоа својот живот. Македонија и ништо повеќе, рече меѓу другото Гочевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top