| четврток, 6 декември 2018 |

Митрополит Иларион: Абортусот е грев и убиство, но секој има право сам да одлучи

За митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион абортусот е грев и убиство, но и дека секоја жена има слободна волја сама да одлучи во врска со прекинувањето на бременост.

– Наше е да кажеме што е добро, а што е зло. Јас советувам, повикувам и замолувам, бидејќи знаеме дека во светот има многу бездетни родители, кои ете поради некоја причина не можат да имаат деца, советувам наместо да го абортираат, да ги родат и да ги дадат на посвојување и тие деца да не се уништат, а и родителите да бидат среќни и весели со новите рожби, изјави господин Иларион.

Митрополитот на Брегалничката епархија вели дека верниците ги советува онака како што е богоугодно, но секој има право да одлучува и слободна влја за абортусот и новиот закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top