Нашиот протест е за семакедонско обединување. Да не заборавиме која е нашата основна идеја. Ние делуваме натпартиски со тоа што сакаме да ги обединиме сите оние припадници на партиите кои што се наши браќа и сестри, кои што треба да го делат нашето чувство и идеја за нашата татковина, порача денеска од пред Собранието Елена Мисиркова, член на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и внука на Крсте Петков Мисирков.
Вели дека ние го носиме залогот на нашите предци и дека тој залог треба да го оставиме на потомците.
Мисиркова на пратениците им порача дека не треба да заборават оти народот е тој кој што ги избрал.
– Прво ние ги избравме, да не заборават дека ние ги пративме таму. Ни должат внимание, ни должат вистинско решение за сите нас и да ја испочитуваат суверената и унитарна Република Македонија, истакна Мисиркова, додавајќи дека ако е потребно да се спроведат предвремени парламентарни избори, тогаш тие треба да се распишат за да реши политичката ситуација.
Таа ги повика сите да и се придружат на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, велејќи дека добредојдени се сите кои ја делат чистата мисла и идеја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“