Повторно, 51 ден, застануваме за да ја искажеме својата благодарност и почит кон човекот кој постојано на најразноразните второ и третокласни бирократи им кажува каде им е местото, истакна денес Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-Ним не им е местото ниту во Народната канцеларија, ниту во Вилата Водно на средби со претседателот на Република Македонија. Место на средба со претседателот, најмуваат луѓе кои нè нарекуваат славомакедонци, луѓе кои не ја осудуваат Тиранската платформа, луѓе кои не го изговараат името на нашата држава. И денешниот гостин е испратен како што треба да биде испратен. Му благодариме и го охрабруваме Ѓорге Иванов да продолжи да го брани суверенитетот на Република Македонија- порача Илиевски за време на денешниот протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.