„Стенд ап терапија“ е насловот на новото шоу на актерот и комичар Бојан Велевски, кој реши петиот роденден како стенд ап комичар да го прослави „дома” заедно со скопјани на 22. април во Дом на АРМ. Оваа сала не му е непозната, тој пред година и половина на два пати ја наполни на финалето од својата стенд ап турнеја низ Македонија под име „Туд д стенд ап“. Тогаш, тој го избра својот најдобар материјал од над 300 настапи, а овој пат ќе ја насмее скопската публика, премиерно изведувајќи го новиот материјал „Штотуку оженет” (Just married).
– Сакаш да се жениш?! Се прашуваш, дали да се ожениш и зашто – НЕ!? Корисни совети за само 200ден, од тазе печен младожења на 22. април во Дом на АРМ. Биди муж и донеси ја на стенд ап! – вели Бојан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)