| четврток, 6 декември 2018 |

Бубалки, тревки и ѕверки за свежина во домот

242 soveti za domot (30)

Инсекти, билки и шумски ѕверки се тренд во декорацијата на домот оваа сезона. Ви претставуваме неколку начини како безбедно да ги внесете пеперутките, пчелите и бумбарите во домот и сето тоа да изгледа чисто и свежо.

Верувале или не, нема ништо поромантично од шарени пеперутки на тапетите или на фотељата, шоља за чај со весили пчели или часовник во облик на саќе, софа со билки, перници…

Сепак, не претерувајте за да не направите џунгла од домот, се работи за детали. За основата изберете некоја светла боја – бели, светложолти или сини тонови.

Ако сте посмели, отворете им ја вратата на шумските ѕверки. За оваа пролет Чарли Харпер и Тод Олдхам, фасцинирани од природата, подготвија „дива“ колекција со парчиња кои вклучуваат постелнина, перници, теписи, комоди, јоргани, ламби, завеси за бања и уште многу друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top