| четврток, 6 декември 2018 |

Пред нас е долга недела, да истраеме за Македонија

Ден 51, продолжуваме по нашата патека. Патеката на достоинство, самопочит и суверенитет. Патеката по која тргнавме и од која нема отстапување и враќање. Патеката на заедништвото и толеранцијата, а не на уцените и дискриминацијата, велат од иницијативата „За заедничка Макеоднија“.

Во продолжение интегрален текст од Фејсбук статусот.

Заедничка Македонија е вистинска и победува. Доаѓа и денот на конечната победа. Верувајте во неа, како што верувате во Заедничка Македонија. Но дотогаш мора да останеме црвсти, непопустливи и со огромна енергија и љубов за зачувување на Македонија ваква каква што е, а не за држава кроена во Тирана на патот до федерализација, не за држава која ќе ја уценуваат и ќе и се закануваат ако не ги прифаќа максималистичките барања на неразумни поединци.

Денес во земјава има уште еден лажен пророк кој мисли дека може да дојде на неколку часа во земјата и да витка кичми и раце. Должност ни е да го пречекаме домаќински и да му кажеме што мислиме за таквите политичари кои не нарекуваат славомакедонци, и уште се толку дрски да доаѓаат тука и да сеат магла дека биле загрижени за нас. Некој кој не сака да ни го каже ниту името и не ја осудува тиранската платформа, нема што да бара и нуди во нашата држава.

Помина времето на веднење глава и виткање кичми. Граѓаните се на нозе бидејќи им е доста од ваквите неправди, уцени, закани, непочит и дискриминација.

Ве повикуваме масовно денес да го повториме најгласното Не за Македонија изложена на тиранија и тирански коалиции. Да за Заедничка Македонија за сите нејзини граѓани. Да повикаме на разум кај политичарите и да ги потсетиме дека нема да може да се прават глуви за чесните барања на народот кој си ја сака татковината.

Црвено-жолтата линија нема да ја поминат. Пред нас имаме нова недела кога треба да го одбраниме Уставот и да не дозволиме избор на pретседател на Собрание кој под перница ја чува тиранската платформа. А во петок ќе соопштиме важни информации и планови за наредниот период.

Се гледаме пред Влада во 17:00!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top