| четврток, 6 декември 2018 |

Прифати предизвик: За едно евро скокна во коприви (Видео)

Авантурист од Босна и Херцеговина прифати предизвик за нешто повеќе од едно евро и од балкон од височина од два метра скокна во коприви.

Неговите другари, откако успеале да го наговорат на тоа, го снимиле „подвигот“.

Дали првичната понуда била повисока или пак причината за прифаќањето на предизвикот е нешто сосема друго, не можеме да кажеме со сигурност.

Јасно е само тоа дека храброто момче не уживаше во својата авантура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top