| четврток, 6 декември 2018 |

Индијана се избори за „мајсторка“ со Мајами

Miami Heat v Indiana Pacers - Game Six

Играчите на Индијана Пејсерс го совлада тимот на Мајами Хит со 14 поени разлика и се изборија за 7. решавачки натпревар кој ќе се игра во Мајами и ќе го одлучи финалистот кој ќе се бори за титула со тимот на Сан Антонио Спарс.

Домаќините со оваа победа од 91:77 го израмнија резултатот на 3:3 во финалето на источната конференција во НБА. Двајца играчи во тимот на Индијана го завршија натпреварот со дабл-дабл учинок, Рој Хиберт со 24 поени и 11 скока и Дејвид Вест со 11 поени и 14 скока, а Пол Џорџ беше одличен со 28 поени, 8 асистенции и 5 скока.

miami heat

Од страната на „жешките“ најдобар беше Леброн Џејмс со 29 поени, 7 скока и 6 асистенции кои не беа доволни за да се спречи разиграниот тим на Пејсерс.

Седмиот натпревар ќе се игра утре во Мајами, а победникот ќе се натпреварува со Сан Антонио Спарс за НБА титула.

 

httpv://www.youtube.com/watch?v=teK2JvCD4a0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top