Се чини дека холивудската актерка Анџелина Џоли не сака долго после разводот да остане сама, а како што пишува американскиот таблоид „Ин Тач“, поранешната жена на Бред Пит од неодамна заплови во нова романса.
Имено, како што пишува таблоидот, Анџелина веќе извесно време е во врска со маж кој е познат филантроп, а кого го запознала минатата година во Лондон. Иако оваа врска се уште ја држи во тајност, Џоли сака новиот партнер да го запознае со децата.
-Јасно е дека Бред секогаш ќе биде татко на нејзините деца, но таа сепак сака на нив да им го претстави новиот маж и исто така сака нејзините деца да го засакаат незјиното ново момче – изјавил извор близок на актерката.
Од друга страна нејзиниот поранешен партнер, Бред Пит, не ја примил добро оваа вест, тврди изворот.
-Информацијата го шокираше Пит. Тој незнаеше дека Анџелина се гледа со некого, а камоли дека размислува за мажење- рекол изворот и додал дека Пит нема намера да го запознае новото момче на Анџелина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.