На Марина Савиќ (34) од Зајечар, Србија и е одреден притвор од 30 дена под сомнение дека со кујнски нож минатата недела ја убила својата блиска пријателка и сосетка Мирјана Костиќ (49), а потоа и подметнала пожар да ги скрие трагите.
Ова страотно злосторство се случило минатата недела во населбата Краљевица, а неофицијално, Марина ја избодела пријателката во бес, па ја запалила за да си ги прикрие трагите.
– Сите мислеа дека изгорела во пожарот, зошто од изгорениците не и се гледала кожата, па ни убодите од нож. Меѓутоа, обдукцијата покажала дека Мирјана всушност најпрво била избодена повеќе од 30 пати, пишува српски Блиц.
Веднаш по ова сознание, полицијата разговарала со пријателите, познаниците и соседите на несреќната жена. Тогаш виделе дека соседот кој живее во станот спроти Мирјана имал инсталирано камери за видео надзор. На снимките јасно можело да се види како Марина Савиќ непосредно пред пожарот излегува од станот на настраданата жена.
Неофицијално, кога полицијата отишла на вратата на Марина, но таа негирала дека има некаква врска со пожарот, но откако и било соопштено дека на телото на нејзината пријателка пронашле 30 убоди со нож, Мирјана го признала злосторството.
Што било мотив крвнички да ја убие својата сосетка и некогашна другарка, полицијата не е сосема сигурна.
Според пишувањата на српските медиуми една од причините за ова страшно слосторство би можела да биде тоа што Мирјана ја продала гарсоњерата која ја имала во Зајечар, а Марина која има приватна фирма која работи со загуба, и ги побарала на заем парите. Меѓутоа, Мирјана одбила да и ги даде, по што избила физичка пресметка која довела до убиството.
Осомничената во полиција рекла дека таа по злосторството не го подметнала пожарот, туку тврдела дека во таа борба од шпоретот на дрва падал жар на тепихот и дека огнот пламнал во станот откако таа побегнала од таму. Сепак, ова тврдење не се поклопува со доказите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасени осум мигранти од пожар во прифатен центар во близина на Атина
-
Војници спасиле шест лица од пожарот во Дебар Маало
-
Голем пожар изутринава во Скопје, интервенирале 8 возила: Изгореа ресторан и возила
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги