| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на една ера – Тери го напушта Челси на крајот на сезонава

djon teri

По 22 години на Стенфорд Бриџ, капитенот на Џелси Џон Тери, на крајот на сезоната ќе ги напушти „сините“. Веста дека заеднички дошле до договор легендарниот капитен да го напушти Челси, ја потврди клубот од Лондон преку официјално соопштение ова попладне.

– Џон Тери и Челси денеска заедно одлучија да донесат одлука дека капитенот ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Сите од „Стемфорд Бриџ“ сакаме да ја потенцираме огромната благодарност до Џон и да му посакаме многу среќа во иднина. Џон повеќе од две декади му даде се на клубот. Во тоа време, тој ја прикажа својата гордост за носењето на дресот на Челси, тоа го направи во 713 наврати досега од  неговото деби во 1998 година. Постигна 66 голови, тој е третиот играч со најмногу настапи за Челси, а рекордер по тоа што дури 578 пати го предводеше Челси како капитен. Оваа сезона имаше помала улога на теренот, но и натаму имаше големо влијание во соблекувалната и под водство на Антонио Конте, – се вели во соопштението на Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top