Копија на Ајфеловата кула 10 пати помала од оригиналот е изградена во селото Јањево, во општина Липљан на Косово.
Мини верзијата е осветлена исто како и францускиот оригинал, а се наоѓа на брегот на вештачкото езеро Анија, во кое има и брод, јави Анадолија.
Нејзината изградба ја започнал неодамна починатиот Беким Бислими, а ја наследи неговиот 22-годишен син Блерим, кој објаснува дека се почнало скромно и без поголема амбиција.
Семејството Бислими прво засадило овоштарник, но кога поради мочуришното земјиште било потребно да се огради малото вештачко езеро, тогаш се родила идејата да се изгради брод, во старинска форма како од време на пиратите, во кој ќе има ресторан. Проектот полека се проширувал, а минатата година е изградена и мала верзија на Ајфелова кула, која е висока 33 метри.
Според Блерим, оваа Ајфелова кула симболизира љубов и романтика, па многу млади двојки имаат желба да се фотографираат покрај неа, иако станува збор за копија.
– Се потрудивме да биде комплетна имитација и ја осветливме. Малку имавме проблем со скалите, бидејќи се намалени димензиите. Имавме идеја посетителите да можат да се качат до врвот, но заклучивме дека постои опасност за луѓето, па затоа овозможивме да се користи само првиот кат, изјавил Бислими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации