| четврток, 6 декември 2018 |

„За Заедничка Македонија“ 50 дена на улиците низ Македонија: Масовните протести продолжуваат и утре(видео)

Граѓаните, приврзаници на иницијативата  „За Заедничка Македонија“ веќе 50 дена се излезени на улиците низ целата земја, по потреба сме биле 10 илјади, 50, 100, 150 илјади и јас сум убеден дека ако има потреба, ќе бидеме и повеќе, рече Игор Дурловски од иницијативата „За Заедничка Македонија“.

-Денеска со еден симпатичен перформанс, одбележуваме 50 дена на улиците на Македонија, оваа 50-ка е обоена во црвено-жолта боја. Јас би сакал да кажам дека од утре продолжуваме исто како и досега сѐ додека нашите барања не бидат исполнети, а тие се, ќе ги повторам уште еднаш иако сите добро ги знаеме, да се повлече платформата што е потпишана, направена, поддржана во странска држава и од странски премиер – вели Дурловски.

Тој потенцираше дека сѐ додека не бидат остварени овие барања, тие ќе бидат на улиците во сѐ поголем број.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top