| четврток, 6 декември 2018 |

Тропање и извици „Крадец“- протести во Истанбул по референдумот (видео)

Дел од оние кои не се согласуваат со уставните измени во Турција кои беа изгласани на денешниот рефгерендум, со кои од парламентарен се преминува во претседателски систем со големи овластувања на претседателот на земјата, започнаа групирања и протести. Фотографијата е тукушто споделена преку социјалната мрежа Твитер.

Истовремено вечерва се споделуваат и видео снимки од Истанбул на кое се слуша како луѓе протестираат удирајќи по, како се опишува, лимени лонци, и со извикување „крадец“.

Друго видео пак кое се споделува, се опишува дека покажува како биле полнети кутии со гласови За уставните измени.


Според резултатите од референдумот Турција воведува претседателски систем кој ќе даде поголеми овластувања на претседателот. Светските агенции пренесуваат дека голем протестен собир се одржува во близина на партиското седиште на партијата на Ердоган, АКП.
protesti turcija3

protesti turcija2

protesti turcija

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top