| четврток, 6 декември 2018 |

Рецепт како да се искористат варените јајца

Велигденските празнични денови се препознатливи по изобилието на варени јајца во секој дом. Затоа вредните домаќинки измислиле различни рецепти како тие да се употребат, а јадењето да не биде „монотоно“.

Еден од нив е „Полнети јајца со три смеси“

Потребно се 9 јајца,,100 гр туна од конзерва, 100 гр месо од ракчиња, 100 гр свежо сирење, мајонез, 100 гр пармезан, маслинки, сол и црн пипер, 100 гр масло

Подготовка:  Сварените јајца исечете ги по должина и извадете ги жолчките. Подгответе по три јајца за секој намаз.

Фил за првите три јајца: Со миксер измешајте ја жолчката и исцедената туна со 2 лаж мајонез. Посолете и забиберете.

Фил за вторите три јајца: Измешајте ги смеленото месо од ракчиња со 2 лажици мајонез. Посолете и забиберете.

Фил за третите три јајца: Со миксер измешајте ги свежото сирење со пармезан и масло.

Се надеваме дека ги погодивме вашите вкусови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top