| четврток, 6 декември 2018 |

Турција воведува претседателски систем

Резултатите од референдумот во Турција пристигнуваат со се’ поголема брзина како се ближат кон крајот на пребројувањето.

Така, скоро истовремено се објавија резултатите од 95 и 99 проценти од преброените гласови.

Веќе со сигурност може да се каже дека Турција изгласа за воведување на претседателски систем, што ќе даде големи овластувања на претседателот на државата.

По преброените 95 проценти, ЗА гласале 51,7 проценти додека ПРОТИВ биле 48,3 проценти од гласачите.

На еден процент преостанати ливчиња, 51 процент од Турците ја поддржале идејата на Ердоган, а 49 проценти се противеле.

Оваа промена беше дел од ветувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на последните избор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top