53,8 проценти ЗА и 46,2 проценти ПРОТИВ, покажуваат резултатите по преброените 81 процент од гласовите на референдумот за промена на политичкиот систем во Турција во Претседателски.
Иако анализите покажуваа тенденција за намалување на опцијата која на претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе му овозможи поголеми овластувања, па дури и дека референдумот нема да успее, сепак на помалку од 20 проценти преостанати гласови, опцијата за промена има солидна предност.
Според првичните резултати од турската дијаспора, резултатите варираат од целосна поддршка, до целосно противење на оваа идеја.
Така, по 25 проценти од преброените ливчиња во Шпанија, против се изјасниле над 80 проценти од Турците.
Турците во Грција, според првите 27 проценти преброени ливчиња, гласале 65,8 проценти против и 34,2 за идејата на Ердоган.
Во Унгарија, половина од гласовите покажуваат дека против гласале 77 проценти, додека за се 23 проценти од Турците во земјата.
Првичните резултати во Холандија пак покажуваат дејка дури 70 проценти од гласачите ја поддржуваат идејата на претседателот Ердоган за промена на системот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.