По преброени 60 проценти од гласачките ливчиња од референдумот во Турција, резултатите покажуваат дека опцијата која ја бара Реџеп Таип Ердоган е во водство со 56,2 проценти, додека за опцијата која се противи за промена на парламентарниот систем во претседателски гласале 43,8 проценти од гласачите.
На референдумот излегле дури 83,89 отсто избирачи.
Првичните резултати од 25 проценти преброени ливчиња покажаа дека 63,2 отсто граѓани се изјасниле „да“ додека 36,8 отсто „против“ најавените уставни реформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.