| четврток, 6 декември 2018 |

63 отсто „за“, 38 отсто „против“: Први резултати од референдумот во Турција

Првите неофицијални резултати од референдумот во Турција покажуваат дека граѓаните дале поддршка за воведување претседателски систем за што се залага актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Според Хуриет, првичните информации укажуваат дека 63,2 отсто граѓани се изјасниле „да“ додека 36,8 отсто „против“ најавените уставни реформи.

Податоците се од 25 отсто преброени гласачки кутии.

На референдумот излегле дури 83,89 отсто избирачи.

Граѓаните на Турција денеска гласаа на референдум за уставни реформи што ќе ги прошират овластувањата на претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top